Издавачка дејност поврзана со развојот на воспитно-образовната дејност
Главни задачи на секторот
Предлага обрасци за педагошка евиденција и документација за основното и средното образование, да издава (во печатена и/или во електронска форма) педагошка евиденција и документација, да изработи Издавачки план на Бирото, прирачници и други дидактички материјали што имаат функција за унапредување, осовременување и развој на воспитанието и образованието и да развива дигитални содржини за квалитетна реализација на наставата.
Дејноста на секторот се остварува и преку:
- издавање наставни програми за основното и средното образование;
- дидактичко – методски упатства за наставата;
- прирачници кои се во функција на наставните програми;
- зборници од семинари и советувања;
- анализи за развој на образованието;
- научно-стручно списание за теоријата и за практиката во воспитанието и образованието;
- монографски публикации; практикуми и други стручни дела;
- избирање соодветни дигитални содржини, нивно мапирање, адаптирање, превод и нивно поставување на соодветен
веб-портал; - изготвување, групирање, користење на дигиталните содржини во основното и во средното образование;
- евалуација на примената на дигиталните содржини со цел нивно подобрување;
- креирање онлајн курсеви и организирање стручна поддршка на советниците за реализација на онлајн курсевите;
- ажурирање на веб-страницата на БРО со податоци за организација и спроведување на онлајн курсевите како и за
развиените дигитални содржини; - вршење јазична редакција, лектура и коректура на стручните и другите материјали кои ги издава Бирото;
- одржување на информацискиот систем, одржување и развивање на компјутерската мрежа.
Структура на секторот
01
Одделение за издавачка дејност и педагошка документација
Прибирање на податоци од сите основни и од сите средни училишта во Република Македонија за бројот на ученици и бројот на паралелки според јазикот на кој се изведува наставата.02
Одделение за развивање дигитални содржини и онлајн курсеви
Избирање на соодветни дигитални содржини, нивно мапирање, адаптирање, превод и нивно поставување на соодветен веб порталРаководител на сектор