Мисија и визија

Бирото за развој на образованието врши унапредување и усовршување на наставата и учењето

Јасна определба за континуиран развој, иновации и стручна поддршка

Мисија

Бирото за развој на образованието креира квалитетни промени во наставата и учењето. Ние го поддржуваме образовниот кадар со обуки и советувања и развиваме модерни наставни програми. Нашата работа обезбедува подобро предучилишно, основно и гимназиско образование, вклучувајќи ги и учениците со посебни потреби и возрасните, како и грижата за мајчиниот јазик и култура за нашите граѓани во странство.

Визија

Квалитетно образование за сите. Ние работиме да создадеме образовен систем кој успешно ги подготвува младите генерации да бидат активни, информирани и компетентни членови на македонското општество.