Воспоставуње  мрежа на демократски и инклузивни училишта во рамки проектот „Квалитетно образование за сите”

This is the latest description of this page and category.

На 10 септември 2025 година, во Велес, директорката на Бирото за развој на образованието, м-р Милка Тримчевска се обрати на настанот посветен на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа со поддршка на Владата на СР Германија, а во соработка со министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

На настанота беше воспоставена мрежа на демократски и инклузивни училишта, со цел размена на добри практики и одржлив развој на демократската култура во училиштата.

Во своето обраќање, директорката  ја истакна посветеноста на Бирото во поддршката на вакви иницијативи, со јасна цел – квалитетно образование за сите ученици.