Секторот за логистика во Бирото за развој на образованието е одговорен за извршување на студиско-аналитички, административни и технички работи кои обезбедуваат непречено функционирање и законско усогласување на работата на Бирото.
Главни задачи на секторот
Изготвување и усогласување на нормативно-правни акти (правилници, упатства, процедури) поврзани со дејноста на Бирото.
Учествување во подготовка на законски и подзаконски акти од областа на образованието.
Организирање постапки за обезбедување услуги поврзани со изработка и осовременување на наставни програми, акредитација и програми за обука на воспитно-образовниот и раководниот кадар.
Поддршка во спроведување на фундаментални истражувања во образованието.
Изготвување и следење на буџетот на секторот, со предлог за оптимална распределба на средствата.
Координација и комуникација со Министерството за образование и наука, други државни институции, правосудни органи и локалната самоуправа.
Административна поддршка, вклучувајќи прием и распоредување на пошта и прием на странки.
Структура на секторот
Одделение за нормативно-правни и канцелариски работи
Одделението се занимава со стручно-аналитички и административни задачи поврзани со нормативно-правното работење на БиротоОдделение за јавни набавки и општи работи
Одделението е надлежно за спроведување на јавни набавки и обезбедување општи административни и технички услугиРаководител на сектор
Марија Исовска
Помошник раководител на сектор