Sektori i zhvillimit profesional i kuadrit edukativo – arsimor dhe puna profesionale këshillëdhënëse

(МК) Клучна улога во унапредување на квалитетот на образованието

Секторот за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавна стручна работа има клучна улога во унапредување на квалитетот на образованието.

Главни задачи на секторот

Неговите надлежности опфаќаат изработка на анализи и утврдување на потребите за професионален развој на наставниците и стручните соработници, организирање тематски дискусии, подготовка на долгорочни и годишни планови за обуки, спроведување на постапките за акредитација за обезбедување на услуги во врска со спроведување на програми за обука на воспитно-образовниот кадар, како и развој на методологија и алатки за советодавни посети и стручни увиди и изработување годишен план за нивна реализација.

Преку овие активности, Секторот обезбедува континуирано зајакнување на компетенциите на воспитно-образовниот кадар и поддршка за училиштата во процесите на евалуација и развој.

Структура на секторот

01

Одделение за професионален развој на воспитно-образовниот кадар

Планира, организира и следи програми за обука и усовршување

02

Одделение за советодавна стручна работа

Врши стручен увид, менторска и советодавна поддршка за наставниците и училиштата

Раководител на сектор

м-р Јулија Глигорова-Трајаноска

Јавни документи достапни за преземање