Секторот за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди, наставни планови и програми, кој функционира во рамки на Биро за развој на образованието, има клучна улога во унапредувањето и обликувањето на националниот образовен систем.
Неговата работа опфаќа подготовка на концепти за развој на воспитно-образовниот систем, како и изработка и унапредување на наставни планови и програми за сите нивоа на образование – од предучилишното воспитание, преку основното и средното образование, до специјалистичкото образование, образованието на учениците со посебни образовни потреби и образованието на возрасните.
Секторот континуирано ги следи потребите и предизвиците на современото образование. Преку подготовка на анализи, стручни расправи, јавни консултации и тематски дискусии, се утврдуваат приоритетите и насоките за развој на наставните планови и програми и други концепциски документи од значење за воспитно-образовниот систем.
Работата на секторот е насочена кон обезбедување квалитетно, современо и инклузивно образование, кое ги следи глобалните трендови и одговара на реалните потреби на учениците, наставниците и пошироката заедница.
Структура на секторот
Одделение за предучилишно воспитание и одделенска настава
Одговорно за развој на наставни планови и програми во најраните фази на образованието, поставувајќи темели за понатамошен развој на учениците.
Одделение за предметна настава во основното образование
Посветено на развој на наставните планови и развој и усогласување на наставните програми во сите предметни области во основното образование, со акцент на систематичност и квалитет.
Одделение за гимназиско и уметничко образование и општообразовни предмети во средното стручно образование
адолжено за креирање и развој на наставни планови и програми во гимназиското и уметничкото образование, како и за општообразовните предмети што се реализираат во средното стручно образование.
Преку интегрирана и координирана работа на овие одделенија, Секторот во рамки на Бирото придонесува кон воспоставување на стабилен, современ и ефективен воспитно-образовен систем, кој обезбедува квалитетно образование за сите ученици.