Планирање, организирање и унапредување на системот за човечки ресурси во рамките на институцијата.
Основната цел на одделението е обезбедување на ефикасно, транспарентно и законски усогласено управување со вработените, како и поттикнување на нивниот професионален развој и мотивација.
Главни задачи на одделението
- Следење на организациската структура на Бирото и предлагање мерки за нејзино подобрување.
- Изготвување планови и програми за стручно усовршување и професионален развој на административните службеници
- Спроведување постапки за вработување согласно со законската регулатива.
- Координација на процесот на оценување на работниот учинок на административните службеници.
- Спроведување консултации со раководителите на организационите единици во врска со индикаторите за наградување и унапредување на вработените.
- Изготвување стручни мислења, анализи и препораки од областа на управувањето со човечки ресурси за потребите на директорот на Бирото.
- Водење и ажурирање на персонална евиденција и досиеја на вработените.
- Евидентирање и следење на користењето на годишни одмори, боледувања, платени и неплатени отсуства, како и други видови отсуства.
Внатрешна структура
Според Актот за систематизација на работните места во Бирото за развој на образованието, во состав на Одделението за управување со човечки ресурси се вклучени:
- Раководител на одделение за управување со човечки ресурси,
- Советник за човечки ресурси
- Двајца помлади соработници.