РАБОТИЛНИЦА „ДЕТСКИ ИГРАЧКИ – ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА“

This is the latest description of this page and category.

На 10 декември 2024 година на Меѓународниот ден на човековите права во просториите на ЈОУ ДГ „Ангел Шајче“ – објект „Пчелка“ во Куманово се одржа работилница за воспитувачи од детските градинки од Североисточниот плански регион на тема „Детски играчки – здравјето и безбедноста на децата“. Работилницата е дел од планираните активности на Бирото за развој на образованието во Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година („Службен весник на РСМ“ бр. 32/24), донесена од Владата на Република Северна Македонија, а изработена согласно член 170 и член 171 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22)

На работилницата зедоа учество вкупно 42 претставници од четири детски градинки од Североисточниот плански регион, од кои 38 воспитувачи и 4 директорки на детските градинки.

Учесниците на работилницата се запознаа со правата на потрошувачите коишто се загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите, како и за општата безбедност на производите. Особено беше ставен акцент на децата кои како најранлива категорија најмногу се изложени на ризик при употреба на производите – детстките играчки.  Имајќи го тоа во предвид, на работилницата, која што беше интерактивна, беше нагласена улогата на детските играчки во едукативниот процес, но и важноста од правењето правилен избор на детска играчка која не ја загрозува безбедноста и здравјето на детето.