Семинар за наставници во Истанбул, Република Туркије на тема: „Иновативен развој во образованието“

Во периодот од 21 до 29 јуни во Истанбул, Република Туркије се одржа Семинар за професионален развој на наставниците од Република С. Македонија на тема „Иновативен развој во образованието“ на кој присуствуваа и советниците од Бирото за развој на образованието. Семинарот беше во организација на Министерството за национално образование од Република Туркије. Учесниците имаа можност […]
Обука за наставниците од средното образование на тема: „Примена на дигитални алатки за интерактивна и персонализирана настава”

Со цел континуирано професионално усовршување на наставниците кои реализираат настава во училиштата за средно образование, Бирото за развој на образованието акредитираше приоритетна програма за обука на тема: „Примена на дигитални алатки за интерактивна и персонализирана настава“ – понудувач на услуга О3 ИНВЕСТ, Скопје. Обуката во траење од осум часа се реализира во текот на месец […]
Обука за прва помош

На 15 мај 2025 година, во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, во просториите на Центарот за обука за прва помош при Црвен крст на Град Скопје, беше организирана обука на која присуствуваа 6 (шест) вработени од Бирото за развој на образованието, Скопје. Вработените на обуката беа запознаени и се соочија со […]
Национална еко-акција „Генералка викенд“

На 9 мај илјадници училишни часови низ целата држава се одржаа на отворено. Над 34 000 ученици и повеќе од 1600 наставници од основни и средни училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина и климатските промени. Преку еко-часови и активности за чистење, […]
Свечено отворање на Саемот на книгата

Директорката на Бирото за развој на образованието присуствуваше на свеченото отворање на Саемот на книгата со инспиративно обраќање и поддршка на оваа значајна културна манифестација. Со слоганот „Храна за душа“ и оваа година се слави моќта на пишаниот збор и љубовта кон книгата. На настанот свои обраќања имаа и српскиот и македонскиот министер за култура […]
НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА НАЈДОБРИ УЧЕНИЧКИ КОМПАНИИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

На 7 мај во просториите на М6 едукативниот центар во Скопје се одржа Националниот натпревар на најдобри ученички компании во учебната 2024/2025 година. Натпреварот беше во организација на Џуниор Ачивмент Македонија и на него зедоа учество 70 средношколци од 11 училишта, водени од 13 наставници коишто беа дел од Програмата за ученичка компанија. На отворањето […]
Завршна работилница на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“

На 7 мај 2025 година, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, се одржа завршна работилница на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, кој се имплементира од страна на Советот на Европа во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со финансиска поддршка на Владата на Сојузна Република Германија. Овој проект е […]
Конференција „Од визија до влијание: Регионална соработка за квалитетно образование и обука“

На 13 и 14 март во Белград, Република Србија, се одржа конференција на тема „Од визија до влијание: Регионална соработка за квалитетно образование и обука“ како дел од Проектот за подобрување на квалитетот на образованието и обуката во организација на Иницијативата за реформи во образованието во Југоисточна Европа (ЕРИ СЕЕ). На конференцијата учествуваше в.д. директорката […]
ЛИКОВЕН КОНКУРС – 2025

Во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа настанот по повод 15 март Светскиот ден на правата на потрошувачите под мотото за 2025 година “Праведна транзиција кон одржлив начин на живеење“, активност на Бирото за развој на образованието од Програмата за заштита на потрошувачите за 2025 година („Службен весник на РСМ“ […]