Македонска делегација на регионален состанок за превентивни програми

This is the latest description of this page and category.

Делегација од Република Македонија, составена од претставници на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука, предводена од директорката на Бирото, м-р Милка Тримчевска, учествуваше на регионалниот состанок „Lions Quest програми – изградба на побезбедни училишта преку континуирана примена на превентивни програми“, што се одржа на 15 и 16 септември 2025 година во хотелот Термаг, Јахорина, Босна и Херцеговина.

Во нашата држава ќе се реализира една од трите превентивни програми – „Вештини за адолесценција“, која ги обединува училиштата и заедницата во насока на градење способни, здрави и одговорни млади луѓе. Програмата е наменета за ученици на возраст од 10 до 14 години и ќе се реализира преку обуки за наставници, интерактивни работилници и практични активности.

Програмата „Вештини за адолесценција“ е научно базирана програма  која  поттикнува социо-емоционално учење, превенира насилство и злоупотреба на психоактивни супстанции и придонесува за  градење на граѓанските вредности. Во наредниот период е предвидено  пилотирање на програмата и проширување на активностите во поголем број училишта, како и јакнење на наставничките капацитети, со цел да се обезбеди долгорочно влијание и унапредување на воспитно-образовниот процес, во согласност со современите европски практики и меѓународните стандарди на СЗО и УНДОК за превенција.