Вести

Преглед на најновите случувања, активности и новости. Останете во тек со динамиката на работата на Бирото и актуелните промени во образовниот систем.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ на тема „Иновативен развој во образованието“

Во периодот од 25 до 29 август во Тетово,  се одржа Семинар за професионален развој на наставници од нашата земја на тема „Иновативен развој во образованието“ на кој присуствуваа и советници од Бирото за развој на образованието.

Обука за наставниците од гимназиското образование кои во учебната 2025/2026 година ќе ја реализираат наставата согласно новите наставни програми за прва година гимназиско образование

На 26 и 27 август 2025 година, Бирото за развој на образованието организираше обуки на тема „Планирање и реализација на наставата според новите наставни програми за прва година гимназиско образование“. Со овие обуки беа опфатени сите наставници од гимназиските училишта во државата кои во учебната 2025/2026 година ќе ја реализираат наставата според новите наставни програми […]