Секторот за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавна стручна работа има клучна улога во унапредување на квалитетот на образованието.
Неговите надлежности опфаќаат изработка на анализи и утврдување на потребите за професионален развој на наставниците и стручните соработници, организирање тематски дискусии, подготовка на долгорочни и годишни планови за обуки, спроведување на постапките за акредитација за обезбедување на услуги во врска со спроведување на програми за обука на воспитно-образовниот кадар, како и развој на методологија и алатки за советодавни посети и стручни увиди и изработување годишен план за нивна реализација.
Преку овие активности, Секторот обезбедува континуирано зајакнување на компетенциите на воспитно-образовниот кадар и поддршка за училиштата во процесите на евалуација и развој.
Структура на секторот
Секторот работи на развој, акредитација и следење на програми за обука и поддршка на:
Професионален развој – целта е зајакнување на компетенциите на наставниците и стручните соработници преку континуирани програми за усовршување. Се реализираат обуки насочени кон подобрување на наставните методи, примена на современи стратегии за учење, развивање на дигитални вештини, инклузивна пракса и примена на нови образовни стандарди. Програмите се дизајнирани да одговорат на актуелните потреби на училиштата и општеството, да поттикнат професионален раст и да овозможат поголема ефикасност во наставната работа. Советодавна стручна работа – опфаќа стручен увид во наставниот процес, поддршка за планирање и реализација на наставата, насоки за оценување, развој на училишни планови и проекти, менторска и интервентна помош, како и координација со општините за подобрување на квалитетот на наставата.
м-р Јулија Глигорова-Трајаноска
Јавни документи достапни за преземање
- Правилник за професионалните стандарди за звањата наставник-ментор и наставник советник и начинот на стекнување
- Правилник за професионалните стандарди за звањата стручен соработник-ментор и стручен соработник-советник и начинот на стекнување
- Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за напредување во звање наставник-ментор, наставник-советник, стручен соработник-ментор и стручен соработник-советник
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на професионалното досие за наставникот и стручниот соработник во основно и средно училиште
- Правилник за формата и содржината на личниот план за професионален развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта
- Правилник за основните професионални компетенции на наставниците во основните и средните училишта по подрачја
- Правилник за основните професионални компетенции по подрачја на стручниот соработник во основните и средните училишта
- Упатство за вршење стручен увид и советодавна стручна работа и давање инструктивно-менторска помош на воспитно-образовниот кадар во воспитно-образовните установи
- Правилник за избор и акредитација на прогами за обуки и понудувачи на услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар (наставниците и стручните соработници) во основните и средните училишта во Република Северна Македонија